понеделник, 18 мај 2026

СДСМ: Рекордна исплата на субвенциите во аграрот

Објавено на

часот

Сподели

„Ова е рекордна исплата, каква што не е забележана откако постојат програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Исплатата е извршена кон сите земјоделци, без поделби и калкулации како во времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Остануваат да се доисплатат остатокот од субвенции за сточарите кои во моментот се жртви на партиски интереси на опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ останува синоним за нечесен однос кон земјоделците. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, ние ги зголемивме субвенциите, редовно, навремено и неселективно ги исплаќаме, а трудот на земјоделците го цениме и вреднуваме.

Продолжуваме со инвестиции во аграрот кои значат унапредување на земјоделското производство и подобри услови за работа на сите земјоделци“, соопшти СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ