петок, 22 мај 2026

СДСМ: Имаме најдобра кадровска и програмска понуда за општините

Објавено на

часот

Сподели

„Ние нудиме издржани проекти, проектирани според реалните состојби, во рамки на буџетите на соодветните општини, со реални рокови и реален план. ВМРО-ДПМНЕ нудат неостварливи проекти со цел да ги измамат гласачите, без при тоа да водат сметка за буџет или реални проекции. Ние ги решававме децениските проблеми, тие ги создаваа и комплицираа.

СДСМ вложуваше во сите општини и граѓаните,  ВМРО-ДПМНЕ  се протиивеа на секоја мерка што носеше повеќе пари во семејните буџети. Недела е ден за одлука. Гласајте го најдоброто за вас и вашите деца, за вашата општина, дајте го вашиот глас за број 12. Развојот и напредокот на општините зависи и од локалните совети, затоа заокружете 12 и за листата на советници. Да не дозволиме да ни се пресликаат блокадите на ВМРО-ДПМНЕ во советите кои ги сведочиме во Собрание.

Во недела на 17 октомври да заокружиме 12 да го одбереме најдобриот градоначалник и најдобрата советничка листа за нашата општина“, соопшти СДСМ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ