петок, 22 мај 2026

Во украински напад на училиштен дом во Луганск убиени шест студенти, Путин најави одмазда (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин ја обвини Украина за „терористички напад“ откако во ноќен напад со дрон врз училиштен дом загинале најмалку шест, а 39 лица се повредени. Рускиот претседател изјави дека по нападот врз училишната зграда во регионот Луганск, кој е под руска контрола, уште 15 лица се водат како исчезнати.

Фото: Социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Путин го обвини Киев за намерно таргетирање цивили и објави дека побарал од руското Министерство за одбрана предлози за одмазда. Фотографиите и видеата објавени од руските власти покажуваат спасувачи како изнесуваат човек од урнатините на носилка. Се гледаат и тешко оштетени згради, од кои едната делумно се урнала, како и пожари што сè уште горат.

Украина сè уште не се огласила нападот. Луганск е еден од четирите региони кои Русија ги анектираше во 2022 година, што Киев го смета за нелегално одземање на територија.

Руската комесарка за човекови права Јана Лантратова изјави дека 86 тинејџери на возраст меѓу 14 и 18 години спиеле во домот за ученици на Педагошкиот факултет во Старобилск кога украинските беспилотни летала нападнале во текот на ноќта.

Леонид Пашечник, највисок руски службеник во Луганск, изјави дека две лица се извлечени од урнатините. Тој додаде дека спасувачите сè уште бараат деца заробени под урнатините. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека одговорните мора да бидат изведени пред лицето на правдата.

„Ова е монструозно злосторство. Напад врз образовна институција каде што има деца и млади луѓе“, кажа тој. „Сега најважно е да се преземе сè за да се расчистат урнатините и да се обезбеди помош на оние кои сè уште се заробени под нив“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ