Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 31, Маврово 24, Охрид 28, Битола 30, Крива Паланка и Берово 25, Кавадарци 33, Дојран 34 Целзиусови степени.
До понеделник во попладневните часови времето ќе биде нестабилно, а локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Од вторник следува стабилизирање на времето со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени.






