Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 24 Целзиусови степени, Маврово 18, Охрод 22, Битола 23, Крива Паланка 20, Берово 19, Кавадарци 25, Дојран 26.
До четврток нашето подрачје ќе биде под влијание на влажна воздушна маса, времето ќе биде променливо облачно и значително посвежо. На места ќе биде нестабилно со поројни и пообилни врнежи (над 20 л/м2). Дневните температури ќе опаднат за околу 10 степени. Во петок ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд, а во деновите од викендот стабилизирање на времето и пораст на дневните температури.






