четврток, 21 мај 2026

Трајков: Европската интеграција е стратешка иднина за државата!

Викторија Трајков, заменик-министерката за европски прашања, денеска во Собранието се обрати на настан посветен на европската интеграција и актуелните геополитички предизвици, организиран со поддршка на меѓународни партнери и институции.

Објавено на

часот

Сподели

Во своето обраќање, заменик-министерката истакна дека евроинтегративниот процес претставува клучен двигател на реформите, институционалниот развој и економската стабилност на државата.

„Европската интеграција не е само политичка цел, туку процес на суштинска трансформација кој треба да донесе функционални институции, владеење на правото и подобар животен стандард за граѓаните“, нагласи Трајков.

Таа посочи дека, во услови на нов геополитички контекст и обновен фокус на проширувањето на Европската Унија, Македонија има историска можност да го забрза својот европски пат преку спроведување кредибилни и видливи реформи.

Трајков потенцираше дека Владата останува целосно посветена на реформската агенда, со акцент на владеењето на правото, борбата против корупцијата, реформите во јавната администрација и економската конкурентност.

На настанот учествуваа претставници на институциите, дипломатскиот кор, експерти и меѓународни партнери, кои дискутираа за европската перспектива на регионот и предизвиците во процесот на проширување на Европската Унија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ