четврток, 21 мај 2026

Кривична пријава на Финансиската полиција против градоначалникот на Врапчиште

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против лицето И.Ш. во својство на градоначалник на Општина Врапчиште поради сомневање за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.3 в.в со ст.1 од Кривичниот законик на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Исен Шабани, градоначалникот на Врапчиште, лани ги пречекорил границите на своето службено овластување и постапил спротивно на член 157 став 1 од Законот за јавни набавки со тоа што склучил Договор за набавка на работи – реконструкција на локален пат во Добридол без да ја дочека конечната одлука по поднесена жалба од Државната комисија за жалби по јавни набавки, која одлуката за избор ја поништила.

И покрај ваквата одлука од страна на Државната комисија за жалби по јавни набавки, пријавениот извршил плаќање според договорот во вкупен износ од 11.848.675 денари. Со ова градоначалникот Шабани му овозможил на правното лице да се стекне со противправна имотна корист, соопшти Управата за финансиска полиција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ