„Дополнително, говорите им се полни со зборовите зеленило, еколошка функционалност и паркови, а делата полни со бетонизација, дивоградби и новоградби. Токму во зеленилото над езерото Треска, на површина од 15 хектари ќе никнат овие 142 куќи. Штетата која ќе се направи врз зеленилото е помалку важна за нив, затоа што коалицијата СДСМ-ДУИ ќе ужива во скапа, елитна населба.
Вака работи СДСМ, вака работи Шилегов, со популистички и лажни ветувања во предизборието, а додека владеат сами себе се побиваат со направените дела“, изјави Митева.






