сабота, 23 мај 2026

„Го сакам Водно“ упати конкретни барања до Шилегов и Арсовска

Објавено на

часот

Сподели

Заложбите и апелите за носење на севкупна и функционална заштита на Водно на врвни и докажани ескперти од шумарстовто, хидролгоијата, инженерството, просторното планирање, клучни државни институции, видни професори и преку 32 граѓански здруженија, не успеаја да ја спречат Одлуката која отвара врата за негово брзо урбанизирање и уништување, велат од „Го сакам Водни“ и потсетуваат дека имапе мала искра за спас кога тежиштето за заштита се префрли врз Градот, но и дека е неопходна итна и брза реакција од оној кој ќе освои трката за градоначалник:

„Потребата од правилно зонирање на Водно е евидентна, а Градот е единствената инстанца која тоа може да го иницира и спроведе. Затоа и ве прозиваме, Арсовсвка и Шилегов, бидејќи само ваша искрена заложба може да биде над оваа Одлука. Ако го сакате Градот, ќе имате можност да направите чекор за Водно да биде спасено, а со тоа и градот заштитен. Инаку, Водно ќе го изгубиме, пишува во апелот.

„Го сакам Водно“ набројуваат што треба да направи Градот и кои се очекувањата:

1.) Да започне итно изработка на просторен план на Водно како простор од посебен интерес! Тоа ќе овозможи правилно зонирање на Водно, наспроти она предвидено во Одлуката.

2.) Toj да се додели на изработка во Агенцијата за планирање на простор, каде што експертизата преку строго дефинирани методологии ќе ги преклопи сите значења и вредности на Водно и ќе наметне режим на заштита за секоја предвидена Зона.

3.) Паралелено да се иницира постапка за носење на специјален закн за водно.
Овој Lex Specialis ќе претставува гарант за правилното зонирање на целата територија на Водно, соодветниот режим на заштита и ќе ги замрзне сите можни активности и носења на други планови, вклучувајќи ги и Планот за управување и урбанистичките планови или проекти, сé дури не се донесе Просторен План за Водно, како план од највисок ред.

Очекуваме идејна, драфт верзија на специјалниот закон. Очекуваме запознавање со можностите, потребните чекори и ресурси (време и пари) неопходни за Агенцијата да започне постапка за пПлан на Водно. Можеби веќе имaте Нацрт-закон? Или, пак, сте оствариле средба со Агенцијата и упатиле барање до неа? Или пак нешто друго?

Покажете дека вашите намери се искрени. Повлечете потег кој ќе помогне Водно да не бидне само едно убаво минато, туку вистинска заштита на градот и жителите. Повелете, докажете дека тоа го можете…

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ