Тема на денешната средба беа капиталните проекти што се во подготовка.
Ѓорѓиевски попладнево на Фејсбук напиша дека станува збор за големи, суштински и развојни проекти, што ќе значат вистинска преродба за главниот град на државава. Тој му се заблагодари на премиерот за поддршката што ја добива Град Скопје.
„Со конкретни дела покажуваме како се сака својот град и својата татковина. Скопје заслужува многу. Скопје добива нова енергија, нова динамика и нова перспектива. Продолжуваме со уште посилно темпо“, порача Ѓорѓиевски во објавата на Фејсбук.






