
„И покрај тоа што новиот систем на гласање со отпечаток од прст создаде одредени, проблеми односно го забави процесот на изјаснување на граѓаните сепак на крајот може да се оцени дека придонесе за заштита на изборниот процес и беше брана од фалсификати и манипулации со гласањето што беше присутно во некои од минатите изборни процеси“, се наведува во соопштението од Демократски сојуз.
Од партијата додаваат дека очекуваат кампањата за вториот круг за избор на градоначалници да се одвива во натпреварувачки дух и фер и демократски амбиент.






