
„Премиерот Зоран Заев одамна го загуби допирот со реалноста и неговите изјави не само што не можат да се земат како точни, туку претставуваат вознемирувачки аларм за тајните планови на Владата на СДСМ-ДУИ. Во меѓувреме, Артан Груби веќе докажа колку е лесно да се пазари на сметка на Албанците и тој најмалку има право да зборува за унапредување на правата“, пишува во реакцијата од Алијанса за Албанците.
Од партијата велат дека ваквите изјави на двајцата владини лидери и лиферувањата со бројки дополнително предизвикале сомнежи за тоа што се случува со пописот. „Владата и Државниот завод за статистика мора итно да дадат отчет и објаснување за тоа што се случува со страницата и базата на податоци за пописот, каква штета е направена од сајбер напаѓачите, дали е влијаено и на податоците од дијаспората и кој ќе биде одговорен за какво било мешање во бројките“, додаваат од Алијанса.






