понеделник, 25 мај 2026

Соларен саем Максол, четири дена посветени на соларна енергија, субвенции и нови технологии

Македонската соларна асоцијација и Скопје сити мол по четврти пат го организираат соларниот саем – Максол експо , кој годинава ќе се одржи од 4 до 7 јуни во Сити мол.

Објавено на

часот

Сподели

Настанот ќе обедини повеќе од 25 компании од Македонија и од регионот, што ќе ги претстават најновите производи, технологии и решенија од областа на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност.

Посетителите ќе може да разгледаат широк спектар на соларна опрема, фотонапонски панели, батерии за складирање електрична енергија, топлински пумпи, фото-термални колектори за производство на електрична енергија и топла вода, громобранска заштита, инвертори, роботи и машини за чистење на соларни колектори, соларни сушари, воздушни колектори, електрични велосипеди, полначи, соларни бојлери и друга современа соларна техника.

Новина на овогодинешното издание се два дополнителни сегменти, информации за субвенции и поволни кредитни линии преку програмата „Зелен финансиски инструмент“ (Green Finance Facility – GFF), како и првиот „Инсталатерски ден“, наменет за вмрежување помеѓу компаниите-изложувачи и монтажерите.

Првиот ден од саемот, на 4 јуни, ќе биде организиран како „GFF ден“ посветен на субвенции, грантови и поволни кредитни линии за инвестиции во енергетски ефикасни решенија. Во рамки на програмата ќе се одржат презентации во Синеплекс, каде граѓаните ќе може да добијат практични информации за финансиските можности што ги нуди Green Finance Facility програмата.

Сите заинтересирани граѓани, компании и монтажери може да добијат дополнителни информации и навремено да си обезбедат место за презентација  на 4 јуни.

Преку овие програми, одредени категории граѓани може да добијат и грант компонента како дел од кредитот, меѓу кои и млади до 35 години, повратници од странство, како и семејства каде жената е носител на приходите.

Дополнително, на 6 јуни ќе се одржи и првиот „Инсталатерски ден“, исто така со презентации во Синеплекс, наменет специјално за монтажери, инсталатери и компании од секторот. Пријавата е наменета за членки и кандидати што поминале обука во Солар Македонија и сакаат да се вклучат во настанот, а место може да резервираат на [email protected]  Целта е да се овозможи директно поврзување, размена на искуства и создавање нови партнерства помеѓу професионалците од индустријата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ