петок, 22 мај 2026

Жичницата на Водно од денеска повторно во функција

Објавено на

часот

Сподели

„Во изминатиов период направен е редовен годишен преглед од овластена институција, мониторинг од Државен инспектор за жичници, како и редовен технички преглед. Жичницата е повторно функционална и скопјани можат да ја користат“, изјавил директорот на ЈСП, Иван Илиевски на денешната проверка што ја изврши заедно со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Истовремено, пуштени се и трите автобуски линии до Средно Водно (25, 25А и 25Б).

Согласно со протоколот на Комисијата за заразни болести во кабина е дозволено да се превезуваат максимум 4 лица, односно искористеност на 50% од вкупниот капацитет на кабината, каде што патниците треба да носат заштитна маска. Во текот на денот ќе се врши дезинфекција на внатрешноста на кабините. Жичницата ќе работи секој ден, освен секој понеделник и последниот вторник во месецот. Автобуските линии за време на викенд и за државни празници се бесплатни за сите категории патници. Дозволен е превоз на домашно милениче куче со мал/среден раст и превоз на куче/придружник на лицата со хендикеп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ