„Врз основа на податоците од Управата за хидрометеоролошки работи за високите температури кои деновиве достигнуваат и над 40 Целзиусови степени, како и подaтoците на ЈП Водовод и канализација – Скопје за зголемената потрошувачка на водата која дневно надминува 300.000 кубни метри, претпријатието апелира до граѓаните на градот Скопје за рационално користење и употреба на водата, односно да се избегнува полевање на поголеми површини и непотребно трошење на водата за време на топлите денови“, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.