петок, 22 мај 2026

Шанса за Центар бара да се запрат градежните активности на Водно

Објавено на

часот

Сподели

„Се води судски спор ‘Плацови на Водно‘, со кој се истражува и преиспитува законитоста на постапките за продажба на земјиштето. Бараме да не се преземаат никакви активности во подрачјето, сѐ до правосилно завршување на судскиот процес.

Сето ова е во прилог на заштита на јавниот интерес и безбедноста на граѓаните, кои се загрозени од сечата на шумата и градењето. Научно и со анализи е докажано дека шумата на Водно има клучно значење за заштита на Општина Центар од поплави и порои и е круцијална во борбата против загадувањето на воздухот“, пишуваат од Иницијативата.

Во писмото под кое се потпишани советниците од Шанса за Центар се бара и да се избегнат и големите трошоци за пробивање на исклучително стрмен пристапен пат до локациите на кои се планира градба, а со тоа и да се заштити  правото на приватна сопственост на жителите на кои им се планира одземање на делови од дворовите за пробивање на патот.

„На средбата меѓу претставници на Општината и жителите на Водно која се одржа во понеделникот, жителите најавиле тужба и дека ќе бараат времена мерка за запирање на градежните зафати. Симптоматично е што само неколку часа подоцна, во раните утрински часови во вторникот инвеститорот со приватно обезбедување почнува да ја оградува парцелата. Бараме општината итно, јасно и со конкретни мерки да застане во одбрана на јавниот интерес и безбедноста на граѓаните“, додаваат од Шанса за Центар.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ