петок, 22 мај 2026

ДКСК: Иницијатива за кривично гонење за организаторите на концертот на Дино Мерлин

Објавено на

часот

Сподели

За организирање на новогодишната прослава на плоштадот во Скопје за 2020 година прекршен е Законот за јавни набавки. ДКСК смета дека има основано сомневање дека Младинскиот културен центар постапил спротивно на законот и не спровел постапка за јавна набавка, туку распишал јавен оглас за организирање на новогодишната прослава. Новогодишната прослава на скопскиот плоштад чинела околу 240 илјади евра, од кои околу 154 илјади евра се платени од градскиот буџет.

ДКСК смета дека требало да се спроведе постапка за јавна набавка и за техничката опрема. Хонорарот на Дино Мерлин бил 84 илјади евра обезбеден од приватни спонзори.

Во анонимната пријава до ДКСК пишувало дека една иста фирма во последните 10 години добила 41 тендер од државни институции за техничка поддршка на Младински културен центар, Национална опера и балет, Макфест, Универзална сала, Македонска филхармонија, Охридско лето и други институции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ