петок, 22 мај 2026

Арсовска: Мерките дадоа резултат, од утре нема бесплатен јавен превоз

Објавено на

часот

Сподели

На денешниот брифинг со новинарите Арсовска информираше дека поради тоа од утре ЈСП продолжува да вози по нормалниот возен ред и мерките ќе бидат укинати.

Дополнителни мерки, според Арсовска, нема, бидејќи тие се лимитирани.

На прашањето за колку загадувачи се изречени казни, Арсовска вели дека се прават лабораториски мерења, а податоци се добиваат за пет до седум дена. Во изминатите две години, како што рече, биле направени само пет надзори за животна средина.

„Сѐ што е во наша надлежност ќе направиме“, рече Арсовска, додавајќи дека имаат луѓе на терен кои постојано работат на контрола на индустриските капацитети.

Таа најави дека во наредните два месеца ќе има повеќе вонредни инспекциски надзори.

„Сите индустриски капацитети ќе ги исконтролираме, ако имаат обврска да си стават филтри ќе си стават, ако сакаат да загадуваат во континуитет ќе бидат казнувани. Постапуваме и кај малите загадувачи“, рече Арсовска.

Таа уште информираше дека за два месеца расчистиле 120 диви депонии и најави драконски казни за загадувачите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ