сабота, 26 април 2025

Притвор за директорот на Геријатрија и неговиот помагател осомничени за земање поткуп

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје им определи триесетдневен притвор на две лица осомничени за примање поткуп за болничко згрижување на лице, информираа денеска од Основниот кривичен суд Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, за определување мерка притвор против две лица осомничени за Примање поткуп, а поврзани со Специјалната болница за геријатрија во Скопје, го прифати предлогот на ОЈО ГОКК и на осомничените М.А. и Б.А. им определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење опасност од бегство, влијание врз сведоци и основано сомнение дека може да го повторат делото“, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

Против овие решенија, како што велат од судот, странките имаат право на жалба пред кривичниот совет на овој суд.

Како што соопшти претходно ОЈО ГОКК, првоосомничениот, како службено лице – директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, преку второосомничениот, негов човек од доверба, побарал награда од 100 илјади евра за згрижување на лице во болницата. На 8 април годинава, второосомничениот е фатен како во име на директорот директно примил износ од 20.000 евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ