Од оваа мерка, како што стои во објавата на Министерството, исклучени се само оние патници кои во земјата од која што доаѓаат во Грција престојувале помалку од 48 часа.
Одлуката, според Министерството, е во рамките на напорите за контрола на пандемијата на ковид-19 во земјата.
Оваа одлука на Министерството првично се однесуваше на патниците кои доаѓаат од Велика Британија и од Данска, но подоцна беше сменета и со неа се опфатени сите земји.
Во Грција расте бројот на заболени и смртни случаи од ковид-19. Вчера биле пријавени 4.801 нов случај и 77 починати, додека 683 пациенти биле на респиратор. Претходниот ден, пак, имало 5.736 нови случаи и 130 починати, што е втора најголема бројка на смртни случаи од почетокот на пандемијата.






