
„Сакам повторно да нагласам дека позицијата на Бугарија не е променета во однос на прашањето за Република Северна Македонија“, изјави денеска Вигенин.
Тој уште го коментираше интервјуто на премиерот Кирил Петков за Фајнаншел тајмс и рече дека начинот на кој е цитирано интервјуто во бугарските медиуми, не е тоа што го има во оргиналниот текст.
„Одново истакнувам – бугарската позиција останува единствена, таа е истата што е потврдена со одлуката на Народното собрание. Во нашиот договор пишува дека таа позиција останува и ќе биде надградена со идеи за нови заеднички комисии, за соработка во одделни области“, рече Вигенин.
Според него, додека Република Северна Македонија не ги исполни обврските и барањата од бугарска страна, нова позиција по тие прашања не може да има, и засега Бугарија не може да даде согласност за старт на преговорите меѓу Република Северна Македонија и ЕУ.






