четврток, 7 мај 2026

Taравари најави оставка на функцијата генерален секретар на Алијанса за Албанците

Објавено на

часот

Сподели

Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари најави оставка од функцијата генерален секретар на Алијанса за Албанците, поврзувајќи ја со лошиот резултат на партијата на неодамнешните локални избори.

Во изјава за ТВ Клан рече Таравари рече дека нема повторно да се кандидира за истата функција во партијата и нагласи дека на Алијанса за Албанците ѝ се потребни нови кадри

„Сигурно е дека повеќе нема да бидам генерален секретар на Алијансса за Албанците, тоа е моја лична одлука. Има доволно време да се избере друга, помлада, личност на таа функција“, изјави Таравари.

Арбен Таравари беше една од клучните личности во изминатиот период како во партијата, така и во коалицијата со Алтернатива, која пак, неодамна реши да излезе од опозициската коалиција и да влезе во владиното мнозинство. Изборните резултати не беа добри за коалицијата, но кога станува збор за Таравари, тој однесе уште една победа во Гостивар и повторно стана градоначалник.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ