четврток, 7 мај 2026

Спасовски за предвремени парламентарни избори: Граѓаните се изморени од избори

Објавено на

часот

Сподели

Ова е ставот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, како одговор на новинарско прашање за барањето на опозицијата за предвремени парламентарни избори откако земјава не доби датум за почеток на преговорите за полноправно членство во ЕУ.

„Очекувам дека треба да се насочиме генерално кон граѓаните и потребите на граѓаните. Другите аспекти и таа стратешка цел за почетокот на преговорите е високо на агендата и треба да биде високо на агендата на Владата, меѓутоа акцентот треба да се стави на Република Северна Македонија, на граѓаните, на економскиот стандард, на напредувањето, на сето она што го очекуваат граѓаните“, изјави Спасовски денеска откако шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која му предаде донација од возила наменети за Единицата за службени кучиња при МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ