четврток, 7 мај 2026

Снопче: За недобивањето датум за преговори виновна е власта, граѓаните не треба да се казнуваат

Објавено на

часот

Сподели

Пратеникот Халил Снопче на денешната прес-конференција рече дека Алијанса за Албанците отсекогаш давала безусловна парламентарна поддршка за прашањата поврзани со евроинтеграциите и повикува на отворање на преговорите за членство на Република Северна Македонија.

„Сепак, како што предупредивме, врз основа на нашите информации од дипломатските кругови, ниту Советот на ЕУ одржан вчера на ден 14 декември не даде зелено светло за отворање на преговорите. Без да сакаме да прејудицираме за исходот од европскиот самит и претстојните самити до крајот на годината, тоа што е воочливо од заклучоците на Советот на ЕУ објавени синоќа, се бројните критики упатени кон владата на СДСМ-ДУИ”, изјави Снопче. 

Тој како забелешки од ЕУ ги наведе недостатокот на независност и непристрасност на судството и потребата за вистински реформи во оваа област, проблемите во борбата против корупцијата, недовршената изборна реформа, политизацијата на јавната администрација и потребата за почитување на принципите на транспарентност, заслуга и правична и соодветна застапенос, недостатокот на парламентарен надзор над разузнавачките служби и повредата на слободата на изразување и безбедноста на новинарите. А на крајот, како што рече, се бараат конкретни резултати во спроведување на Преспанскиот договор со Грција и Договорот за добрососедство со Бугарија.

„Се разбира, режимот ќе ја обвинува Бугарија и кого не. Но, граѓаните веќе ја знаат вистината и немаат никакви очекувања од оваа криминализирана власт којашто секој ден работи спротивно на европските вредности. Сите овие 20 години тие се кријат зад европските интеграции за да си ги наполнат нивните џебови и да го осиромашат граѓанинот, додека, европските интеграции како стратешка цел на земјата ги претворија во фарса со нивните последователни неуспеси”, изјави Снопче.

 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ