четврток, 7 мај 2026

Села: Се шират шпекулации во медиумите, одлуките ги носат партиските органи

Објавено на

часот

Сподели

„Алијанса за Албанците е политичка партија, имаме партиски органи каде се носат одлуките. На 25 декември треба да се одржи Централно собрание на кое ќе стане збор за нашата работа во текот на годинава, секако ќе биде опфатен и изборниот период. Но, тогаш ќе се носи и одлука за одржување на конгрес, кој ќе се подготвува неколку месеци. Koнгресот е органот каде што се носат и одлуки од кадровски вид”, ни изјави кусо Села во телефонски разговор.

Таравари за ТВ Клан, како што веќе објавивме, изјави дека смета оти на неговата функција, генерален секретар, треба да дојде друг партиски кадар, кој има повеќе време за работа во партијата, потсетувајќи дека ја извршува и функцијата градоначалник на Гостивар. На партиската функција секако останува до одржувањето на Централното собрание.

Но, Таравари смета дека Зијадин Села „не е потрошена фигура” и покрај тоа што изборниот резултат на Алијанса е за 26 илјади гласови посиромашен од претходниот изборен циклус и дека се освоени само две градоначалнички места. Тој ова свое мислење го дели со мнозинството членови на Централното партиско собрание. Токму на Централното собрание ќе се разговара и за изборните резултати, кои се влошиле, според Таравари, и поради одредени фракции во некои партиски ограноци. Тој вели дека конгресот најверојатно ќе се одржи во март или април.

Неодамна Таравари потсети и на „минатиот труд” на Села, но навраќајќи се и подалеку, рече дека Алијанса за Албанците произлезе од некогаш големата Демократска партија на Албанците кога Села биел битка со претседателот на таа партија Мендух Тачи под чие раководство ДПА тонела сѐ подлабоко.

П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ