четврток, 7 мај 2026

Радев: Софија ќе продолжи да ја брани својата позиција, не само историјата

Објавено на

часот

Сподели

На сите европски совети-од мај, разговарав со секој европски лидер на тема РС Македонија. Сакам да им се заблагодарам, бидејќи по втор пат темата е надвор од дневен ред. Нашите партнери конечно разбраа каде е вистинскиот проблем. Проблемот длабоко влијае на основата на самата ЕУ – човековите права и недискриминацијата, изјави Радев за бугарските медиуми во Брисел каде што учествува на шестиот самит на Источното партнерство и Европскиот совет.

Радев, како што пренесува БГНЕС, истакна дека Софија ќе продолжи да ја брани својата позиција, не само историјата, посочувајќи оти главен приоритет е почитувањето на човековите права на луѓето со бугарски идентитет.

Не даваме рокови. Овој процес не е воден од рокови, туку од резултати, рече Радев.

Според него, сите обиди за притисок врз Бугарија се контрапродуктивни.

Францускиот претседател Емануел Макрон јасно ја знае позицијата на Бугарија и затоа не очекувам притисок. Имаме јасен договор. Со Франција мораме да ги решиме енергетските прашања, додаде Радев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ