
„Факт е дека власта на Заев непотребно создава очекувања пред секој европски самит и ја злоупотребува европската интеграција за да оправда грешки дома, но и непринципиелни коалиции чија цел не е ЕУ, туку лична и политичка корист.
Јасно е дека ЕУ не врши посилен притисок врз Бугарија. Основна причина е тоа што Македонија според некои земји членки не е спремна за преговори пред сè заради високата корупција на Владата на Заев. Држава која е на 111-то место по перцепција за корупција не може да почне преговори. Треба многу работа и мудрост за следниот период. А прв чекор кон излез од оваа политичка, здравствена и економско-енергетска криза е брзи превдремени зибори“, вели Николоски.
Советот за општи работи на Европската Унија вчера во Брисел ги усвои заклучоците за проширувањето. Првите меѓувладини конференции со Македонија и Албанија се очекува да се одржат наскоро, но нема временска рамка кога тоа ќе се случи.
„Советот ја потврдува својата заложба за проширување, која останува клучна политика на ЕУ“, се наведува во заедничката изјава на 27 министри за надворешни работи на ЕУ.
„Советот ја повторува недвосмислената поддршка за европската перспектива на Западниот Балкан“, се наведува натаму.
Новоизбраниот бугарски премиер Кирил Петков вчера по телефонскиот разговор со премиерот Зоран Заев договориле брзо формирање работни групи кои до почетокот на следниот месец ќе изготват акциски план. „Ќе се структурираат што е можно поскоро и се надеваме дека на почетокот на јануари ќе имаме јасен план какви ќе бидат тие групи. Ќе вклучиме повеќе култура, инфраструктура, економија, како надополнување на историјата. Треба да направиме акциски план и на почетокот на јануари овие групи да имаат реални резултати, да даваат идеи за да продолжиме со преговорите со пооперативен план“, најави тој.
А.Д.






