„Секоја истрага мора да се води во институции, а не преку медиуми“, рече Спасовски во врска со автобуската несреќа на бугарскиот автопат „Струма“.
Тој најави дека по завршувањето на целосната истрага, извештајот ќе го добијат сите, а за предистражната и истражната постапка што се води овде, како дополнување на истрага во Бугарија, како што рече, информации ќе бидат споделени во соодветно време.
Спасовски информира дека во изминатава година МВР извршило вонредни технички прегледи на повеќе од 2.300 автобуси и комбиња во државата, а кај околу 400 се пронајдени разни недостатоци, сопирачки или друг дефект што го имаат.
Пред новинарите Спасовски истакна дека секој од инспекторатите што бара помош и асистенција во делот на вршење на контрола, МВР излегува во пресрет.
„Ако има каква било потреба за каква било размена на податоци и информации тоа го правиме во континуитет, но преземањето активности е исклучиво нивна надлежност“, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.






