Според резултатите од истражувањето, во однос на работењето на полицијата оценката е генерално негативна. Сепак, 30 отсто мислат дека полицијата е професионална во своето работење, 26 проценти дека е ефикасна, 22 отсто дека е транспарентна, 20 проценти дека е отчетна, 16 отсто дека ги зема предвид мислењата и потребите на граѓаните во донесувањето на одлуките и 13 проценти дека полицијата е независна од партиските, владините и бизнис-интересите.
Но, и покрај генралната негативна оценка за работење на полицијата, граѓаните кои имале личен контакт позитивно ја оценуваат професионалноста на полициските службеници во своето работење. Во услови на пандемија со ковид-19, 13 проценти имале потреба да контактираат со полицијата за прашања поврзани со пандемијата, а од нив 61 отсто позитивно го оцениле ова искуство.
Дел од ова истражување и испитувањето на мислењето на граѓаните се и прашања поврзани со евроинтреграцискиот процес на Македонија, при што најголем дел од граѓаните остануваат упорни поддржувачи на Европската Унија. Во споредба со крајот на 2020 година, ова година за два процентни поени е зголемен процентот на граѓаните кои сметаат дека членството во ЕУ е „добра работа”. И покрај ветото од Бугарија, поддршката за пристапувањето кон ЕУ останува стабилна и бележи раст. За 3 процентни поени се зголемени и очекувањата за почнување на преговори во следните шест месеци, речиси три четвртини (74 отсто) од граѓаните би гласале позитивно на референдум за влез во ЕУ, а една третина сметаат дека интеграцијата на земјава во Унијата ќе се случи во наредните пет години, покажува истражувањето на ЕВРОТИНК.
Околу половина од граѓаните на Македонија, пак, сметаат дека односот на Унијата кон земјава е нефер, надмен и уценувачки.
Истражувањето на ЕВРОТИНК е реализирано од 23 до 30 ноември.






