
Како што објави бугарски „24 Часа“, причина за ваквиот став според Александров, е тоа што не се исполнети барањата од националната рамковна позиција, поддржана од Декларацијата на бугарското Народно собрание.
„На инсистирање на Бугарија, Советот потврди дека целосното спроведување на Договорот за пријателство и соработка од 2017 година е дел од процесот на пристапување“, изјавил Александров.
Истовремено, Бугарија потврди дека поддржува консензус за почеток на преговори со Албанија.






