четврток, 21 мај 2026

За два дена прва доза вакцина примиле 3.407 граѓани

Објавено на

часот

Сподели

Според министерот за здравство, Венко Филипче, последните денови има намалување на интересот за вакцинирање и сега е околу 2.000 дневно, а на почетокот имаше по 10 илјади пријавувања дневно.

„Кога се воведе мерката за влез во институции и угостителски објекти со сертификат за вакцина за две недели се јавија околу 200 илјади граѓани. Имаше интерес па спласна, па повторно се зголемуваше како што почнуваа кампањите и мерките“, рече Филипче.

Како што соопшти Министерството за здравство во земјава досега се аплицирани вкупно 1.435.392 дози вакцини, а ревакцинирани се 667.739 граѓани.

„Со последните бројки 55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 30% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител“, велат од Министерството за здравство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ