петок, 22 мај 2026

СЗО на Македонија ѝ достави носачи на вакцини, тестови и реагенси за секвенционирање на вируси

Објавено на

часот

Сподели

Од канцеларијата на СЗО велат дека како интегрален дел на складирањето на вакцините во ладен синџир, носачите на вакцини претставуваат кутии со изолација што се користат за транспорт на вакцини и разредувачи до локации на терен, како и за привремено складирање во текот на изведувањето на

имунизацијата во здравствените установи, со што се одржува потребната температура за складирање и се задржува квалитетот на вакцините.

„Набавката на опремата и имплементацијата на проектот се поддржани од
Германија и Центарот за превенција и контрола на болести на САД со техничка поддршка од СЗО“, се вели во соопштението. 

„Носачите на вакцини што ги добивме во голема мера ќе придонесат за подобрување на националните капацитети за складирање на вакцини и значително ќе ги поддржат нашите напори за дистрибуција на
вакцините против ковид-19. Бидејќи вакцинацијата и понатаму останува една од најефективните интервенции во текот на пандемијата, ние изразуваме голема благодарност за помошта на СЗО во справувањето со сите комплексни аспекти на пандемијата”, рече д-р Венко Филипче, министер за
здравство.

Д-р Џихан Тавила, претставничка на СЗО во Северна Македонија изјави:

„Подобрувањето на инфраструктурата на ладниот синџир ќе помогне вакцините што спасуваат животи, како вакцините против ковид-19, така и редовните вакцини, да стигнат до оние на кои им се најпотребни. Покрај ладниот синџир, СЗО ги поддржува и сите други аспекти за зајакнување на имунизацијата, вклучително и градењетo на капацитетите на работниците во јавното здравство, здравствените работници кои ја вршат вакцинацијата, педијатрите, матичните доктори и останатите здравствени работници, преку прилагодени курсеви за обука за вакцинацијата”.

Таа додаде дека заедно со јавно-здравствените и социјалните мерки како што се следењето на контакти, физичкото дистанцирање, правилната употреба на маски и миењето раце, вакцинацијата против ковид-19 претставува  најефективно  средство во борбата против пандемијата.

„Повторно ги охрабруваме сите целосно да се вакцинираат и да се придржуваат на јавно-здравствените и социјалните мерки, бидејќи сите тие се од клучно
значење за завршувањето на пандемијата и забрзувањето на закрепнувањето на глобално ниво”, заклучи д-р Тавила.

Поддршката на СЗО на националните здравствени власти во поглед на пандемијата на ковид-19 вклучува поддршка на изработката и реализацијата на националниот план за вакцинација против ковид-19; обезбедување опрема за контролирано складирање на голема количина на вакцини на многу ниски
температури; обука на здравствени работници вклучително и здравствени работници кои ја вршат вакцинацијата; придонес во севкупните редовни национални напори за имунизација и зајакнување на јавноздравствените лабораториски капацитети на централно ниво.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ