Во објавата Трамп наведе дека е горд што го поддржал Навроцки за време на кампањата и истакна дека одлуката за испраќање дополнителни американски сили доаѓа и поради нивниот меѓусебен однос.
„Врз основа на успешниот избор на сегашниот претседател на Полска, Карол Навроцки, кого гордо го поддржав, и нашиот однос со него, со задоволство објавувам дека Соединетите Американски Држави ќе испратат дополнителни 5.000 војници во Полска“, напиша Трамп.

Трамп не објави дополнителни детали за распоредувањето на војниците или временската рамка за пристигнување на американските сили во Полска.






