недела, 17 мај 2026

Првоодделенците од септември ќе учат по нова наставна програма

Објавено на

часот

Сподели

„Создадовме прекрасен материјал кој ќе биде интересен и возбудлив за учениците, бидејќи тие се најсреќни во училницата кога изведуваме експерименти и кога имаат пред себе наставен материјал кој е шаренолик и богат со  илустации“, вели Лазареска.

Според неа, содржината на материјалот е разбирлива за учениците, а целта е преку активности и игри да се воведуваат во наставната материја и да ги разберат аспектите на родова еднаквост, интеркултурализмот, инклузијата, заштитата на животната средина, почитувањето,  правата и слично.

„Се надеваме дека овој учебник ќе овозможи еден поинаков пристап во наставата и ќе ги зголеми компетенциите на знаења, способности, вештини и ставовите. Ќе им овозможи на учениците учење со разбирање кое помага во развој на критичкото размислување и креативноста, што е и целта на самите реформски процеси“, вели Лазареска.

Реализацијата на новата Концепција која МОН ја изработи во соработка со Бирото за развој на образование (БРО), стартува од новата учебна година во прво и четврто одделение за што се развиваат и изработуваат материјали за учење кои се целосно усогласени со новите наставни програми. Промените ќе се прават етапно, а целосното спроведување на реформата во деветолетката се очекува да заврши за 5-6 години.

Новите материјали за учење се изработуваат во координација со БРО, а материјалот го разгледува и рецензентска комисија и универзитетски професори.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ