четврток, 21 мај 2026

Почина двегодишно дете, било позитивно на ковид-19 и имало тешки заболувања

Објавено на

часот

Сподели

„Станува збор за дете кое имало неколку тешки заболувања, пред една година врз малиот пациент биле направени повеќе операции, тоа имало тумор на мозок, хидроцефулус, вродена непроодност на цревата за што се направени повеќе хируршки интервенции. Детето имало и проблеми со срцевиот ритам, застој во растот, проблеми со дишењето. Пред пет дена детето 15 минути пред полноќ изгладнето и дехидрирано било донесено на Клиниката за детска хирургија. Од згрижувачкото семејство на лекарите и медицинскиот персонал не им биле дадени никакви информации за здравствената состојба на детето. Немало температура но било малаксано, дехидрирано и слабо реагирало на дразби. Поради критичната состојба, лекарите веднаш пристапиле кон интензивно лекување“, информираат од Министерството за здравство. 

Од таму велат дека лабораториските анализи покажале анемија и влошени параметри како последица на болестите кои ги имало.

„И покрај сета дадена терапија, состојбата на детето се влошувала. Поради ковид-протоколите, на малиот пациент му бил направен ковид тест и истиот бил позитивен. Министерството за здравство информира дека во денешната статистика на Институтот за јавно здравје ќе биде заведено две годишното дете кое почина на Клиниката за детска хирургија во Скопје“, соопштуваат од Министерството за здравство. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ