На поставено прашање дали граѓаните мешањето на вакцини треба да ги плаши граѓаните Петличковски одговори дека апсолутно не треба да се плашат.
„Во голем број студии во кои што се опфатени голем број на испитаници покажуваат дека различните вакцини кога се комбинираат дури и даваат подобар ефект отколку давање трета доза после две истоветни вакцини. Податоците се јасни дека мешањето на вакцини е безбедно и нема простор за страв“, рече Петличковски.






