Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, изразил задоволство што Европската комисија повторно го констатирала напредокот на Македонија во исполнувањето на потребните реформи и во извештајот ја реафирмирала подготвеноста на државата за почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ.
„Претседателот Пендаровски изрази очекување за скорешно усвојување на преговарачката рамка од страна на Советот на ЕУ и закажување на првата Меѓувладина конференција помеѓу Европската Унија и Северна Македонија која ќе го означи почетокот на пристапните преговори, согласно препораките на Европската Комисија“, сооптшија од неговиот кабинет.
На средбата, соговорниците разговараа за клучните оценки во извештајот, којшто според претседателот Пендаровски претставува објективна слика за состојбите во државата.






