четврток, 21 мај 2026

МЗ за починатото 2-годишно дете позитивно на ковид-19: Имало дијагнози на бактериска сепса и било хоспитализирано и оперирано повеќе пати

Објавено на

часот

Сподели

„Дете родено со конгенитални малформации, со дијагнози бактериска сепса кај новородено, Хоспитализирано и оперирано во повеќе наврати на клиниките за детски болести, детска хирургија и неврохирургија од конгенитални интестинални (цревни) малформации, компликации перфорација на црево, перитонит, некротизирачки ентероколит, ресекција на јејунум, интракранијална хеморагија, аплициран вентрикуло-преитонеален шант. При последниот прием на Клиниката за детска хирургија поради малнутриција и дехидрација, поради ковид-протоколите е тестирано и е со ковид-19 позитивен резултат. Поради компликации настaпува exitus letallis”, се вели во дополнителното соопштение на Министерството за здравство.

Починатото дете е заведено и во денешната статистика на починати од ковид-19. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ