недела, 17 мај 2026

Милошоски до СДСМ и Заев: Прифатете ја Резолуцијата за да престане пазарџиската дипломатија

Објавено на

часот

Сподели

„Пред една недела велеа дека резолуцијата е хир на ВМРО-ДПМНЕ, потоа кога видоа дека во јавноста има добар одек го сменија ставот и рекоа дека ќе ја подржат таква каква што е, за вчера да слушнеме дека на Заев не му пречи содржината туку му пречи формата. Ќе кажам едно. Оваа резолуција не се однесува на Грција, не се однесува на Преспанскиот договор. Резолуцијата се однесува на спорот со Бугарија. Нешто што граѓаните во Македонија ги обедини околу црвените линии. Дека не треба да се преговара за идентитетот, за јазикот, за толкувањето на историјата“, истакна Милошоски.

Од друга страна, оваа предлог Резолуција не е на ВМРО-ДПМНЕ по содржина продолжи тој, туку е еден сублимат на еден научен и дипломатски труд на МАНУ и на УКИМ.

„Оваа содржина е сериозна и над партиска и добро е сите да ја подржиме. Нашиот апел до СДСМ и господинот Заев е да не се спинуваат главните поенти на оваа резолуција, да се сконцентрираме на нејзината содржина и претседателот на Собранието што побрзо да ја стави на дневен ред. Ние како ВМРО-ДПМНЕ сакаме Резолуцијата да биде црвената линија на Република Македонија на нашиот национален и етно-културен идентитет, што ќе биде обврска за секој идна влада да нема пазарџиска дипломатија со Бугарија“, изјави Милошоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ