сабота, 16 мај 2026

Матурантите екстерните испити од државната матура ги поминаа со просек 3,61

Објавено на

часот

Сподели

Според Наумовска, бројките покажуваат дека годинава и со онлајн наставата се постигнале повисоки резултати и успеси.

Денеска попладне резултатите ќе бидат објавени на огласните табли на училиштата и на сајтот на Министерството за образование, а исто така од денеска почнува да тече тридневниот рок за приговори на учениците, при што цената на поднесокот е 1500 денари. Со овој износ, вели Наумовска сакаат да го намалат бројот на неосновани приговори.

Предметот македонски јазик и литература го полагале 10.647 ученици и постигнале средна оценка 3,93 за разлика од 2019 година кога ова оценка била 3, 69.

Албански јазик и литература полагале 3.873 ученици, а постигнале средна оценка 3,59 и тука е регистрирано уназадување во споредба со 2019 година кога средната оценка изнесувала 3,85.

Предметот турски јазик го полагале 253 ученици, а средната оценка изнесува 3,57.

Кај странските јазици уназадување во средната оценка има за англискиот и францускиот, а кај германскиот и кај рускиот има подобрување во редната оценка споредбено со 2019 година.

Кај предметот математика има подобрување. Него го полагале 1.510 ученици, а средната оценка сега е 4,07 за разлика од 2019 година кога изнесувала 3,66.

Мало уназадување во средната оценка има кај предметот естетика, додека за предметот филозофија годинава за разлика од 2019 година е постигнат подобар резултат.

На 12 јули ќе бидат објавени конечните резултати од јунската сесија на државната матура, а следниот термин за полагање во август.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ