сабота, 16 мај 2026

Кривична пријава за обид за разбојништво во Битола, осомничениот е уапсен

СВР Битола до Основното јавно обвинителство (ОЈО)  Битола поднесе кривична пријава против М.Ѓ. поради основано сомнение за сторено кривично дело разбојништво во обид.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти полицијата, осомничениот бил лишен од слобода околу 1 часот по полноќ од страна на полициски службеници, а при извршен претрес во неговиот дом, со наредба од Основен суд Битола, бил пронајден и одземен пиштол.

Според пријавата, М.Ѓ. на 30 април 2026 година околу 18:10 часот се обидел да изврши разбојништво во канцеларија за кредитирање на улицата „Столарска“ во Битола, при што со закана со огнено оружје се обидел да го изврши делото, но не успеал и се дал во бегство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ