сабота, 16 мај 2026

ФИФА отстрани судија од листата за СП поради апсењето за сексуален напад на малолетник

ФИФА направи (не)очекуван потег пред стартот на Светското првенство и го избриша холандскиот судија Роб Диперинк од списокот на арбитри.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Диперинк беше планиран како ВАР судија на турнирот, но светската куќа на фудбалот реши да го отстрани по истрагата што против него ја водеше полицијата во Лондон. Холандскиот арбитар беше пријавен за наводен сексуален напад врз малолетно лице во Кројдон, а случајот подоцна беше затворен поради недостиг на докази.

Иако немаше обвинение, ФИФА сепак остана на ставот дека Диперинк нема да биде дел од Светското првенство.

Разочаран сум што нема да бидам дел од Светското првенство. Верувам дека бев неправедно обвинет“, изјави холандскиот судија.

Од Холандската фудбалска федерација соопштија дека Диперинк од самиот почеток целосно соработувал со надлежните институции и потенцираа дека никој не треба однапред да биде осудуван.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ