сабота, 16 мај 2026

Агон Елези е пред трансфер во лидерот во Полска

Македонскиот репрезентативец Агон Елези е пред нов предизвик во, затоа што сериозен интерес за негов ангажман покажува полскиот великан Лех Познањ.

Објавено на

часот

Сподели

Фудбалерот од средниот ред игра одлична сезона во дресот на Сараево и е еден од клучните играчи на босанскиот тим. Токму добрите настапи го ставија на радарот на повеќе клубови од Европа, а според информациите од БиХ, најконкретен во овој момент е токму Лех Познањ.

Станува збор за клуб кој редовно е дел од европската сцена и важи за еден од најорганизираните и најуспешни тимови во Полска. Во Познањ веруваат дека Елези би бил сериозно засилување за средниот ред, а воедно гледаат и простор за негов дополнителен развој.

Македонецот во досегашната кариера настапуваше за Шкупи, Скендербег, Вараждин, Бохум и Горица, пред да пристигне во Сараево каде што целосно ја афирмираше својата игра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ