Министерството за надворешни работи на Тајван соопшти дека е благодарно за долгогодишната поддршка на Трамп за мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец, но јасно стави до знаење дека Тајван не е подреден на Пекинг.
„Продажбата на американско оружје на Тајван не е само безбедносна обврска на САД според Законот за односи со Тајван, туку и форма на заедничко одвраќање од регионални закани“, се вели во соопштението, пренесува Франс 24.
Заменик-министерот за надворешни работи Чен Минг-чи повтори дека испораките на американско оружје се основа на регионалниот мир и стабилност.
Оваа реакција од Тајван следува по еден ден откако Трамп, по средбата со кинескиот претседател Си Џинпинг, изјави дека не сака Тајван да прогласи независност и дека не сака САД да војуваат поради тоа.






