сабота, 16 мај 2026

Путин во посета на Кина само неколку дена по Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја посети Кина на 19 и 20 мај, соопшти денес Кремљ.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

За време на посетата, која ќе се одржи само неколку дена по посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Кина, рускиот лидер ќе разговара со својот кинески колега Си Џинпинг за начините за „понатамошно зајакнување на сеопфатното партнерство и стратешката соработка“ меѓу Русија и Кина, објави истиот извор.

Путин и Си ќе „разменат мислења за клучни меѓународни и регионални прашања“ и ќе потпишат заедничка декларација на крајот од разговорите, се вели во соопштението.

Во рамките на посетата, планирана е и средба со кинескиот премиер Ли Ќијанг, на која ќе се разговара за економската и трговската соработка меѓу Москва и Пекинг. Пекинг ја смета Москва за клучен партнер во обликувањето на нов, мултиполарен, пост-западен светски поредок.

Додека Кина редовно повикува на мировни преговори и почитување на територијалниот интегритет на сите земји – имплицитно вклучувајќи ја и Украина – таа никогаш не ја осуди Русија за нејзината офанзива започната во февруари 2022 година и се претставува како неутрална страна.

Таа ги негира обвинувањата за снабдување на двете страни со смртоносно оружје и за испорака на воени компоненти во Русија за нејзината одбранбена индустрија. Го обвинува Западот за продолжување на непријателствата со вооружување на Украина.

Кина, клучен економски партнер на Русија, е најголемиот светски купувач на руски фосилни горива, вклучувајќи нафтени деривати, со што ја движи воената машина. Владимир Путин оди во посета на Кина само неколку дена по неговиот американски колега Доналд Трамп, кој повеќе од една година се позиционира како посредник во украинскиот конфликт.

Трамп од Кина отпатува во петок, фалејќи ги „фантастичните“ трговски договори, но не спомнувајќи никаков напредок во глобалните несогласувања, како војната со Иран, по дводневните средби на самитот со својот колега Си Џинпинг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ