сабота, 16 мај 2026

Тешка сообраќајна несреќа во Тетово, повредена е возачката на тротинетот

Несреќата се случила по судир на кружен тек помеѓу автомобил „Сеат ибица“ и електричен тротинет.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Вчера напладне, на кружниот тек помеѓу улиците „Маршал Тито“ и „Илинденска“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Сеат ибица“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 22 годишниот Л.М. од Тетово, и електричен тротинет управуван од 46 годишната Л.А. од селото Прељубиште.

Во незгодата, возачката на тротинетот се здобилa со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Тетово.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово, а се работи на утврдување на сите околности за сообраќајната незгода.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ