сабота, 16 мај 2026

Двајца работници од Индија повредени на градилиште во Гостивар

Вчера во Медицинскиот центар во Гостивар им била укажана лекарска помош на двајца Индијци, вработени во градежна компанија, кои се здобиле со тешки повреди при извршување на работни задачи на трасата во селото Бајница.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавеното, завчера околу 13:00 часот, 36 годишниот градежен работник Д.Б. поради невнимание при работа со градежна машина „ланчер“ се повредил на раката. Истиот ден околу 18 часот, 37 годишниот М.А. при слегување од работна машина се здобил со повреди на ногата.

„За настаните е известен Трудовиот инспекторат, а надлежните служби преземаат мерки за нивно целосно документирање и утврдување на околностите“, соопштија од СВР Тетово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ