четврток, 21 мај 2026

Македонија и натаму е на вpвот според cмртoнoста од ковид-19

Објавено на

часот

Сподели

Во Европа, пак, според бројот на смртни случаи од ковид-19 на 100 илјади жители во последните 13 дена сме на прво место (18,4). На второ место е Црна Гора со 13,4 проценти, па Бугарија со 13,1, а на четврто место од регионот се наоѓа Босна и Херцеговина со 10,5 проценти.

Од регионот на шесто место се издвојува Грција, а Србија е на осмото место со стапка на смртност од 4,1 процент.

Во земјава бројот на починати од ковид-19 се намалува минимално и покрај тоа што бројот на новозаразени веќе две недели бележи пад. Од 8-ми септември до денес, починале вкупно 267 заболени од корона.

Во Македонија до денеска регистрирани се вкупно 6.277 смртни случаи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ