„Предлагам да се донесе закон со кој ќе се одземат ингеренции на МОН да изготвува стратегии за развој за образование и наука, или да подготвува реформи во образовниот и научниот систем. Второ, стратегиите реформите во синергија ќе ги подготвуваат МАНУ, универзитетите и стопанските комори. МОН ќе биде обврзан да ги имплементира така подготвените стратегии и реформи“, рече Коцарев.
За преговорите со Бугарија, Коцарев бара широк политички консензус. Инаку, новото барање на Бугарија е да се вметнат Бугарите во македонскиот Устав. Македонскиот премиер Зоран Заев рече дека не е проблем тоа да се направи, но не мора да се брза. Додека не се тргне блокадата на Бугарија, Македонија не може да почне да преговара со ЕУ. Бугарија го споменува и пописот кој заврши во земјава, и очекува да види големо бугарско малцинство во земјава, алудирајќи на Македонците кои од економски причини земале бугарски пасоши.






