На прес-конеференцијата, одговарајќи на новинарски прашања во врска со трагедијата во Тетово, Филипче рече дека модуларната болница била пуштена откако надлежните потврдиле дека се проверени сите инсталации, струјата, канализацијата и дали персоналот се однесува согласно упатствата.
„Модуларните болници се модел без кој ниту една земја не ќе можеше да ја менаџира кризата. Направивме 700 болнички кревети за помалку од два месеца. Алтернатива на тоа ќе беше италијанското сценарио, да нема луѓето каде да се сместат и да не може да им се помогне. Во ситуација на пандемија само модуларна болница е решение. За модуларната болница во Тетово не известија дека се проверени сите инсталации, струјата, канализацијата и дали персоналот се однесува согласно упатствата. Сите потрдија дека сѐ е во најдобар ред“, рече Филипче.
Според него, и сега, а и во најголемиот ек на кризата има огромен број пациенти кои се лечат во модуларните болници, а во времето кога имаше над 1.700 заболени дневно, половината биле сместувани во модуларните болници.
[video:https://youtu.be/NU2LbJVLCgc autoplay:0]





